• петок, 05 декември 2025

Мбапе може да ја пропушти целата групна фаза од Светското клупско првенство

Мбапе може да ја пропушти целата групна фаза од Светското клупско првенство

Мајами, 24 јуни 2025 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, може да го пропушти натпреварот од групната фаза на Светското клупско првенство против Салцбург, објави „Ел Чирингито“.

Дваесет и шестгодишниот Французин сè уште страда од гастроентеритис.

Мбапе веќе ги пропушти првите два натпревари од групната фаза против Ал-Хилал (1:1) и Пачука (3:1).

Натпреварот со Салцбург ќе се одржи на 28 јуни.

На 19 јуни, Мбапе беше хоспитализиран со цревна инфекција. Му беше дијагностициран акутен гастроентеритис. Истиот ден, беше отпуштен од болница во Мајами. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан