• вторник, 22 октомври 2024

Зидан можна замена на Манчини на саудиската клупа

Зидан можна замена на Манчини на саудиската клупа


Париз, 21 октомври 2024 (МИА) – Француската фудбалска ѕвезда Зинедин Зидан би можел да го замени Италијанецот Роберто Манчини на клупата на Саудиска Арабија, јавија денеска медиумите во Франција и Италија.
Според медиумите, Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија ја разгледува можноста како да го „привлече“ Зидан во националниот тим, откако веќе извесно време се шпекулира дека договорот на Манчини, кој е со важност до јануари 2027 година, ќе биде раскинат.
Манчини се најде под жесток притисок и критики по неодамнешниот пораз на Саудиска Арабија од Јапонија од 2:0, проследен со ремито 0:0 против Бахреин, во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Зидан е без тренерски ангажман откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година, а планот на Саудијците да го провлечат да седне на селекторската клупа, сепак, ќе биде тешко изводлив, пишува весникот Фигаро, наведувајќи оти „Зизу“ подолг период учтиво ги одбива сите понуди и живее тивко надвор од светот на фудбалот. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан