• недела, 24 ноември 2024

Победникот на азиската ЛШ ќе инкасира рекордна добивка

Победникот на азиската ЛШ ќе инкасира рекордна добивка


Ријад, 19 јуни 2024 (МИА) – Победникот во фудбалската Лига на шампионите ќе заработи најмалку 12 милиони долари, објави денеска Азиската фудбалска конфедерација.
Во елитното натпреварување, чии прелиминарни рунди започнуваат во август, учествуваат 27 екипи од 12 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Република Кореја, Австралија и Саудиска Арабија. Сумата е три пати поголема од износот што го освои Ал Аин од ОАЕ во мај, победувајќи на последното издание на ЛШ во претходниот формат.
Ждрепката за групната фаза која ќе биде поделена на Западна и Источна зона ќе се одржи на 16 август.
Саудиска Арабија ќе биде домаќин на четвртфиналните, полуфиналните и финалните натпревари од 25 април до 4 мај. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан