• петок, 12 јули 2024

ЕВРО2024: По бод за Швајцарија и Шкотска

ЕВРО2024: По бод за Швајцарија и Шкотска

 

Келн, 19 јуни 2024 (МИА) – Во натпреварот од второто коло во Групата А на ЕВРО2024 фудбалерите на Шкотска и Швајцарија ремизираа вечерва 1-1 (1-1), со што Швајцарците дојдоа многу блиску до пласман во осминафиналето.

Шкотска поведе во 13. минута со голот на Скот Мектоминај, додека Швајцарија израмни на 1-1 со одличниот гол на Шаќири.

Германија води во групата со шест бодови и е сигурен патник во осминафиналето, додека Швајцарија е второпласирана со четири бодови. Шкотска има еден бод и сè уште се надева дека ќе ја мине групната фаза, додека Унгарија е последна без бодови.

Во последното трето коло ќе играат Германија – Швајцарија и Унгарија – Шкотска. Двата натпревари се играат в недела со почеток од 21 часот. ег ФОТО: УЕФАЕВРО2024

Остани поврзан