• понеделник, 22 јули 2024

Македонската амбасада во Тирана објави повик за увид во Избирачкиот список и пријавување за гласање

Македонската амбасада во Тирана објави повик за увид во Избирачкиот список и пријавување за гласање

Тирана, 20 февруари 2024 (МИА) – Македонската амбасада во Тирана, објави повик за македонските државјани на територијата на Албанија, за увид во Избирачкиот список, упис во него и пријавување за гласање на претстојните избори во Северна Македонија.

Повикот се однесува за сите државјани на Република Северна Македонија: припадници на македонското национално малцинство, лица со привремен престој и лица со постојан престој во Република Албанија, кои сакаат да го остварат своето гласачко право на претстојните избори.

- Информации за процесот на запишување во посебниот Избирачки список, како и пријавување за гласање во амбасадата, за претседателски и парламентарни избори, кои ќе се одржат на 24 април односно 8 мај, може да ги добиете на следните веб страните: Министерството за надворешни работи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1908/javen-povik; Амбасадата: http://madrid.mfa.gov.mk/mk/page/1908/javen-povik или

Државната изборна комисија https://www.sec.mk/, стои во објавата.

Додаваат дека увидот и запишување во Избирачкиот список може да остварат од 28 февруари до 18 март годинава. вт/ир

 

 

Остани поврзан