• сабота, 23 ноември 2024

Тиквешки лозароовоштари: Повторно да се активира служба за заштита од град

Тиквешки лозароовоштари: Повторно да се активира служба за заштита од град

Кавадарци, 22 јули 2024 (МИА) - Повторно да се активира служба за заштита од врнежи од град како во минатото, јавно побара денеска Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари". 

Јошев информираше дека деновиве дел од земјоделските култури во кавадаречко претрпеле штети од невремето проследено со врнежи од град. 

- Градобијните зрна направија штети во неколку месности. Штетите се од дваесетина до околу осумдесет проценти. Очекуваме да се формира општинска комисија за проценка на штетите, па да бидеме обесштетени, изјави Јошев. 

Тој нагласи  дека во земјоделството, подобро е да се спречат причините за врнежи од град, отколку потоа да се санираат штетите од невреме. свд/сст/


Фото : Дане Јошев 
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан