• петок, 22 ноември 2024

Премиерот Мицкоски оствари средба со амбасадорите на државите-членки на ЕУ

Премиерот Мицкоски оствари средба со амбасадорите на државите-членки на ЕУ

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија, на која се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата.

Како што информираше денеска владината прес-служба Мицкоски ги информирал амбасадорите за заложбите на Владата за спроведување на клучни реформи во правосудството, борбата против корупцијата, економскиот раст и инвестициите кои треба да ја приближат нашата земја до европските стандарди.

Амбасадорите на државите-членки на ЕУ ја потврдиле својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Северна Македонија и изразиле подготвеност за натамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси.

На средбата соговорниците се согласиле за натамошно интензивирање на соработката и зајакнување на билатералните односи во различни области од заеднички интерес. сст/нд/

Фото: Влада

 

Остани поврзан