• сабота, 18 мај 2024

Крос: Не знам дали Реал е фаворит во Лигата на шампионите, но ние сме способни да победиме

Крос: Не знам дали Реал е фаворит во Лигата на шампионите, но ние сме способни да победиме

Лајпциг, 13 февруари 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос одговори на прашањето дали неговиот тим е фаворит за Лигата на шампионите 2023/24.

- Не знам дали сме фаворити, но секако дека сме способни да победиме. Имаме добар тим, но еден лош ден може да биде доволен за да испаднете. Нивото овде е толку високо што е исклучително тешко да се победи. Ние обично ги играме нашите најдобри натпревари против многу силни противници. Ова не мотивира, изјави Крос на официјалната веб-страница на Реал Мадрид.

Реал вечер од 21 часот ќе игра против Лајпциг во осмина финалето од Лигата на шампионите. Реваншот ќе се одигра на 3 март. 

Клубот од Мадрид нема пораз во последните пет средби. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан