• сабота, 18 мај 2024

Казнети 86 возачи на територија на СВР Битола

Казнети 86 возачи на територија на СВР Битола

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - На територија на СВР Битола вчера се казнети 86 возачи во контролите во областа на сообраќајот.

Како што информира МВР, во акцијата изречени се 49 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола, а четворица возачи се санкционирани за управување под дејство на алкохол.

Осум санкции се изречени за непрописно паркирање, а една за користење мобилен телефон при возење...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан