• сабота, 27 јули 2024

Дигитална поставка „Livelyyy“ на францускиот уметник Гијомит

Дигитална поставка „Livelyyy“ на францускиот уметник Гијомит

Скпје, 18 мај 2024 (МИА) - Ексклузивна дигитална поставка „Livelyyy“ на францускиот уметник Гијомит ќе биде поставена од Францускиот институт во Скопје и Ист гејт мол, во рамки на одбележувањето 50 години од постоењето на Институтот. 

Се работи за мурал кој ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист гејт мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба, од вкупно три кои ќе бидат отворени за посетителите.

-Огромниот мурал „заживува“ во уште поголем 3Д универзум преку апликација за зголемена реалност наменета за мобилни уреди. А во тој волшебен свет се пристапува до интерактивна видеоигра во која посетителот станува „градинар“, којшто треба да се погрижи за живиот свет и животната средина, соопшти Францускиот институт.

Изложбата ќе биде отворена до 1 јуни 2024. хс/ ев/

Фото: Француски институт

 

Остани поврзан