• понеделник, 20 мај 2024

Индија ја осигурува безбедноста на своите товарни бродови околу Црвеното Море

Индија ја осигурува безбедноста на своите товарни бродови околу Црвеното Море

Њу Делхи, 5 јануари 2023 (МИА) - Индиското Министерство за одбрана ја обезбедува безбедноста на индиските товарни бродови на отворено море околу Црвеното Море, каде безбедносната ситуација е влошена, изјави денеска неименуван владин извор.

Тој вели дека изборот на подолга рута и заобиколувањето на Црвеното Море предизвикува повисоки трошоци за транспорт и осигурување.

Товарните бродови избегнуваат да пловат низ Црвеното Море откако јеменските бунтовници Хути ги засилија поморските напади врз трговските бродови како одговор на израелските напади на Појасот Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан