• сабота, 20 јули 2024

ЕУ изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател

ЕУ изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател

Брисел, 20 мај 2024 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изрази сочувство во име на Европската унија по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.

- ЕУ го изразува своето искрено сочувство за смртта на претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Абдолахиан, како и другите членови на нивната делегација и екипажот во хеликоптерска несреќа, напиша Мишел на Х.

- Нашите мисли се со семејствата, додаде тој.

Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан беа меѓу деветте лица кои загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во планинскиот северозападен дел на Иран при лоши временски услови. јт/

Остани поврзан