• недела, 22 декември 2024

Писториус: Германија се обидува да ги зголеми трошоците за одбрана поради заканата од руска агресија

Писториус: Германија се обидува да ги зголеми трошоците за одбрана поради заканата од руска агресија

Берлин, 20 јули 2024 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус следната година ќе се заложи за поголем воен буџет, бидејќи смета дека планираното зголемување е недоволно, објави денеска „Тагешпигел“.

Трошоците за одбрана се планираат да се зголемат за 1,2 милијарди евра, додека Писториус побарал зголемување од 6,7 милијарди евра, пишува германскиот весник.

Нацрт-буџетот за следната година предвидува 53,2 милијарди евра за Бундесверот, наспроти 51,9 милијарди евра годинава.

„Ќе продолжам да ја промовирам идејата Бундесверот да ги добие потребните средства поради реалната закана од Русија“, додаде Писториус. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан