Нарендра Моди „длабоко тажен“ поради смртта на Раиси
- Индискиот премиер Нарендра Моди рече дека е „длабоко тажен“ поради смртта на Ебрахим Раиси, додавајќи дека покојниот ирански претседател придонел за „зајакнување на индиско-иранските билатерални односи“.

Њу Делхи, 20 мај 2024 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди рече дека е „длабоко тажен“ поради смртта на Ебрахим Раиси, додавајќи дека покојниот ирански претседател придонел за „зајакнување на индиско-иранските билатерални односи“.
„Моето искрено сочувство до неговото семејство и народот на Иран. Индија стои со Иран во овој тажен момент“, напиша Моди во објава на Икс. паг/
Фото: Икс