• сабота, 27 јули 2024

Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Мохбер ја презема функцијата претседател до избори

Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Мохбер ја презема функцијата претседател до избори

Техеран, 20 мај 2024 (МИА) – Првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер ќе ја преземе функцијата шеф на државата додека на избори не биде избран нов претседател, изјави денеска портпаролот на иранскиот Совет на чувари на исламската револуција, Хади Тахан Назиф.

Портпаролот изјави дека врз основа на иранскиот Устав, претседателските избори треба да се одржат во рок од 50 дена, пренесе иранската агенција ИРНА.

Тахан Назиф изјави дека нема да има правни проблеми во Иран по смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.

Хеликоптерот со претседателот Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан се урна вчера во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај нив загинаа уште седум лица. јт/

Остани поврзан