• сабота, 18 мај 2024

Израелскиот безбедносен кабинет одобри ограничена операција во Рафа

Израелскиот безбедносен кабинет одобри ограничена операција во Рафа

Ерусалим, 10 мај 2024 (МИА) – Израелскиот безбедносен кабинет синоќа гласаше за проширување на операцијата на израелските безбедносни сили (ИДФ) во Рафа, но без да се премине границата во тоа што САД го сметаат за „голема операција“.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно оваа недела предупреди дека ќе запре испорака на одредени офанзивни оружја за Израел доколку ИДФ влезе во населените центри во Рафа, каде прибежиште најдоа повеќе од еден милион цивили.

Американскиот портал „Аксиос“ (Axios) повикувајќи се на два неименувани извори објави дека проширувањето на операцијата во Рафа ќе биде доволно ограничено за да не се вознемири администрацијата на Бајден, додека трет извор предупредува дека потезите од страна на САД може да се протолкуваат како чекор предалеку.

Екстремно десничарските министри Итамар Бен Гвир и Безалел Смотрич гласаа против одлуката за ограничена операција во Рафа, но беа надгласани. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан