• понеделник, 20 мај 2024

Израелската војска соопшти дека го убила командантот на Хамас - Мустафа Далул

Израелската војска соопшти дека го убила командантот на Хамас - Мустафа Далул

Тел Авив, 3 ноември 2023 (МИА) - Израелските сили го убија Мустафа Далул, командант на баталјонот на Хамас „Сабра Тел ел Хава“, кој одигра клучна улога во насочувањето на борбата против Израел во Појасот Газа, соопшти израелската армија.

„Израелските авиони, дејствувајќи врз основа на разузнавачки податоци, го убија Мустафа Далул, командант на баталјонот „Сабра Тел ел Хава“, кој од почетокот на војната имаше централна улога во борбите против израелската војска во Појасот Газа“, се наведува во објавата на војската.

Во соопштението се додава дека Далул во последните години имал неколку функции во баталјоните и бригадите на Хамас во Газа. ссм/

Остани поврзан