Шукри: Израелските операции се закана за хуманитарната работа и дистрибуцијата на помош во Појасот Газа
- Престанокот на испораката на помош преку преминот Рафа меѓу Египет и Појасот Газа е поврзан со заканата од израелските операции во областа, изјави денеска шефот на египетската дипломатија Самех Шукри

Каиро, 20 мај 2024 (МИА) – Престанокот на испораката на помош преку преминот Рафа меѓу Египет и Појасот Газа е поврзан со заканата од израелските операции во областа, изјави денеска шефот на египетската дипломатија Самех Шукри.
- Сега има воено присуство во близина на преминот Рафа, а воените операции ги ставаат во опасност конвоите со помош и возачите на камиони, посочи Шукри по средбата со грчки колега Јоргос Герапетритис.
Шукри повторно апелираше до Израел да отвори други копнени премини за испорака на помош. ми/
фото: МИА архива