• недела, 30 јуни 2024

Провалници упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини

Провалници упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини

Рим, 20 мај 2024 (МИА) - Провалници вчeрaвечер упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт, Матео Салвини, соопшти денеска полицијата.

Разбојниците не успеале да го отворат сефот во домот на Салвини во Рим, јавија италијанските медиуми. Засега не се знае дали успеале да украдат други предмети. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан