• недела, 19 мај 2024

Израелската армија изгради пат низ Газа

Израелската армија изгради пат низ Газа

Газа, 10 март 2024 (МИА) - Одбранбените сили на Израел (ИДФ) ја завршија изградбата на нов пат што минува низ северниот дел на Газа од исток кон запад, според сателитски снимки потврдени од Би-Би-Си.

ИДФ изјави за Би-Би-Си дека се обидуваат да стекнат „оперативна основа“ и да го олеснат движењето на војниците и опремата.

Некои експерти стравуваат дека ќе се користи како бариера, спречувајќи ги Палестинците да се вратат во своите домови на север. Други рекоа дека се чини oti тоа е дел од планот на Израел да остане во Газа по завршувањето на сегашните непријателства.

Новиот пат минува низ северниот дел на Газа и започнува на границата на Газа со Израел во близина на Кибуц Нахал Оз и завршува во близина на брегот. Исто така, се вкрстува со патиштата Салах ал-Дин и Ал Рашид, двете главни артерии што минуваат низ територијата.

Иако има мрежа од патишта кои ги поврзуваат истокот и западот, новата рута на ИДF е единствената која континуирано минува низ Газа.

Анализата на сателитски снимки на Би-Би-Си открива дека ИДF изградила повеќе од пет километри нови патни делови за поврзување на претходно неповрзани патишта. мс/

фото: ЕПА

Тагови

Остани поврзан