• сабота, 18 мај 2024

Започна аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024

Започна аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Земјоделските стопанства, во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопштија Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за:
- растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,
- сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, како и за
- органско земјоделско производство.

Земјоделските стопанства барања ги поднесуваат во електронскиот систем на АФПЗРР, а доколку имаат потреба од помош или поддршка можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Аплицирањето е преку линкот www.ipardpa.gov.mk  - Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.са/

Фото: МЗШВ

Остани поврзан