• сабота, 18 мај 2024

ЕУ бара да се казнат извршителите на нападите врз УНРВА

ЕУ бара да се казнат извршителите на нападите врз УНРВА

Брисел, 10 мај 2024 (МИА) – Европската унија го осуди нападот врз комплексот на УНРВА во Источен Ерусалим.

- Сторителите мора да одговараат, напиша шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел на X.

- Одговорност на Израел е да ја обезбеди сигурноста на хуманитарните работници, додаде тој, нарекувајќи ја агенцијата на ОН за палестинските бегалци „незаменлив спас за милиони луѓе во Газа и регионот“. јт/

Остани поврзан