• понеделник, 22 јули 2024

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“

Тел Авив, 18 мај 2024 (МИА) – Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле напад врз палестински „оперативен центар“ во Џенин, Западен Брег и ликвидирале „влијателен и баран екстремист“.

Во соопштението на ИДФ се наведува дека е елиминиран екстремистот Ислам Хамајс, одговорен за повеќе напади во Западен Брег.

Бригадата Ал Кудс, военото крило на Исламски џихад, го потврди убиството на Хамајс.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во воздушниот напад повредени се осум лица, ко се хоспитализирани во две болници во Западен Брег. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан