• вторник, 23 јули 2024

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Кабул, 18 мај 2024 (МИА) – Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан