• вторник, 07 мај 2024

Енергетската соработка во фокусот на средбата Мицотакис- Радев

Енергетската соработка во фокусот на средбата Мицотакис- Радев

Атина, 1 декември 2023 (МИА) – За билатералните односи и стратешката соработка на двете земји, особено во областа на енергетиката, меѓу другото, разговарале премиерот на Грција Киријакос Мицотакис и претседателот на Бугарија, Румен Радев на средбата на маргините на 28-та Конференција на ОН за климатски промени во Дубаи, јави дописничката на МИА од Атина. 

Од кабинетот на Мицотакис информираа дека дополнително, двајцата лидери разговарале и за прашања од меѓународен интерес, со акцент на последните случувања во Украина и Газа. ср/сд/

Фото: Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан