• четврток, 14 ноември 2024

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Рига, 6 мај 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан