• среда, 15 мај 2024

Си Џинпинг на средбата со Макрон: Кина и Франција да се држат до заедничките придобивки

Си Џинпинг на средбата со Макрон: Кина и Франција да се држат до заедничките придобивки

Париз, 6 мај 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг за време на разговорите со неговиот француски колега Емануел Макрон во Париз, рече дека Кина и Франција треба да се држат до „заедничките придобивки“ и заеднички да се спротивстават на одвојувањето и разбивањето на индустриските синџири и синџирите на снабдување, пренесоа кинеските медиуми.

Си додаде дека двете земји треба да се спротивстават на изградбата на „ѕидови и бариери“.

Кинескиот лидер изјави дека Европа е важен партнер во модернизацијата на Кина, додека Макрон рече дека евро-кинескиот дијалог е понеопходен од кога било поради меѓународната ситуација.

„Координацијата“ со Кина за Украина и Блискиот Исток е одлучувачка“, рече францускиот претседател во воведната изјава пред средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Си Џинпинг.

Тој изјави дека се залага за „фер правила за сите“ кога е во прашање кинеско-европската трговија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан