• недела, 22 декември 2024

Лекари без граници ја прекина работата во клиниката во Рафа

Лекари без граници ја прекина работата во клиниката во Рафа

Рафа, 14 мај 2024 (МИА) – Хуманитарната организација „Лекари без граници“ ја прекина работата во таканаречената индонезиска болница во градот Рафа во Појасот Газа, бидејќи израелската офанзива се засилува.

Како што пренесе ДПА, останатите 22 пациенти се префрлени во други установи бидејќи нивната безбедност повеќе не може да се гарантира, изјави портпаролката на организацијата.

Лекари без граници ги истакна проблемите со кои се соочи од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас.

- Моравме да заминеме од 12 различни здравствени структури и издржавме 26 насилни инциденти, кои вклучуваат воздушни напади кои ги оштетија болниците, тенкови пукаа во претходно договорени засолништа, копнени офанзиви во медицински центри и конвои врз кои се пукаше, изјави координаторот за итни случаи Мишел-Оливие Лашарите во соопштение.

Според организацијата на ОН за итна помош ОЦХА, 24 од 36 болници во Појасот Газа повеќе не се во функција. јт/

Фото: Лекари без граници

Остани поврзан