• сабота, 18 мај 2024

Драмски театар Скопје на фестивалот „Мал театарски формат“ во Зајечар со монодрамата „Кармен“

Драмски театар Скопје на фестивалот „Мал театарски формат“ во Зајечар со монодрамата „Кармен“
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Драмски театар Скопје вечерва со монодрамата „Кармен“ ќе гостува на фестивалот „Мал театарски формат“, кој се одржува од 11 до 15 октомври во Зајечар. Фестивалот го бележи своето петто издание, а ќе се изведат шест монодрами и дуодрами од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија. Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Улогата на Кармен ја толкува актерката Биљана Драгиќевиќ – Пројковска. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ - Пројковска за Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. дма/нд/

Остани поврзан