• среда, 19 јуни 2024

Изложбата „Пикасо, можеби јас“ на Фидановски гостува во Вараждин

Изложбата „Пикасо, можеби јас“ на Фидановски гостува во Вараждин

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Уметникот Филип Фидановски ќе ја претстави својата изложба „Пикасо, можеби јас“ во Вараждин, во организација на Друштвото на керамичари на Хрватска.

Оваа изложба на Фидановски досега беше поставена во Скопје, Кичево, Охрид, Битола и Куманово, а за гостувањето во Хрватска е надополнета со нови дела на авторот изработени во 2024 година.

-Хрватската јавност ќе има можност да погледне 13 керамички скулптури инспирирани од делата на големиот Пабло Пикасо, наведува Фидановски за изложбата во Вараждин каде што ќе биде отворена до 5 јуни 2024. 

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија и ќе ја отвори македонскиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи. хс/ ев/

Фото: Филип Фидановски 

 

 

 

 

Остани поврзан