• сабота, 18 мај 2024

Десет ракометари своеволно го напуштија Голден Арт КЛ7

Десет ракометари своеволно го напуштија Голден Арт КЛ7
Скопје, 9 септември 2021 (МИА) – Ракометната федерација на Македонија (РФМ) да им изрече суспензија на десет ракометари на екипата на Голден Арт КЛ7 поради неисполнување на обврските од важечките договори, побара денеска нивниот матичен клуб. Како што соопшти Голден Арт КЛ7, станува збор за ракометарите Олег Јорданов, Кристијан Симоноски, Божидар Илиески, Марко Стојковиќ, Филип Крстески, Мартин Димоски, Александар Стојков, Ѓорѓи Ерманоски, Емилијан Ѓорговски и Никола Цветаноски. - Клубот од своја страна кон играчите ги има исплатено сите обврски во однос на финансиски средства и испочитувано сите услови пропишани во Договорите и иако уредно ги покани сите играчи со важечки договори да се приклучат на подготовките на екипата, ниту еден од нив не се појави на тренинг и не го информираше клубот за својата одлука да ја напушти екипата, по што ги суспендираше играчите, се наведува во клупското соопштение. Доколку не се преземат соодветни мерки од страна на РФМ, и не се одговори позитивно на нашето барање, ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ќе ги оспори резултатите на клубовите за кои ќе настапат играчите за кои се бара суспензија и ќе го смета првенството за нерегуларно, најави раководството на Голден Арт Кл7. ег/свс/

Остани поврзан