• понеделник, 13 мај 2024

Гершкович поднесе жалба до судот во Москва за продолжувањето на притворот

Гершкович поднесе жалба до судот во Москва за продолжувањето на притворот

Москва, 19 септември 2023 (МИА) - Американскиот репортер Еван Гершкович денеска поднесе жалба до московскиот суд во врска со последната одлука за продолжување на притворот за обвинение за шпионажа, која тој ја негира.

Гершкович, репортер на „Волстрит Џурнал“, беше уапсен на 29 март во градот Екатеринбург во регионот Свердловск, во централна Русија, за наводна шпионажа, што во Русија е кривично дело казниво до 20 години затвор, пренесуваат британските медиуми.

Не е одреден датум за судење, но минатиот месец притворот на Гершкович беше продолжен до 30 ноември. Тој е во притвор во московскиот затвор Лефортово.

Неговите две претходни жалби поднесени до руските судски власти во април и јуни не вродија плод.

САД тврдат дека Русија го користи Гершкович за да ја спроведе, како што велат, „заложничката дипломатија“ во време кога односите меѓу двете земји паднаа на најниско ниво во последните 60 години поради конфликтот во Украина, наведуваат британските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан