• сабота, 18 мај 2024

Втора форумска сесија од Буџетскиот Форум во Делчево

Втора форумска сесија од Буџетскиот Форум во Делчево

Делчево, 10 ноември 2023 (МИА) - Во Делчево денеска се одржа втората форумска сесија за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2024 година. На форумската сесија како што истакна претставникот на Општина Делчево, Тони Стоименовски активно учествуваа претставници од месните и урбаните заедници, од граѓанскиот сектор и институции. 

-Освен презентации на програмите на Општина Делчево во овие области, учесниците на форумот работеа и на определување приоритети, а беше презентирана и прелеминарната листа на приоритетни проекти одбрани на првата форумска сесија, рече Стоименовски.

На сесијата како што додаде главни теми за работа беа областите образование, социјална заштита, култура и граѓански сектор. 

-Целта на организацијата на форумот е одредување на приоритетните проекти за реализација за наредната година детектирани од граѓаните, а Општина Делчево почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги предложените приоритети ќе ги предвиди за реализација, додаде Стоименовски.

Форумите се во организација на Регионалниот центар за застапување и Општина Делчево, а планирани се три форумски сесии. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан