• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Временска прогноза

Временска прогноза

 Скопје, 13 април 2025 (МИА) -  Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе бидат во интервал од -1 до 5 степени, а максималните ќе достигнат од 13 до 22. 

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, минималната температура ќе изнесува 3 степени, а максималната 22.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан