Дука: Утре ќе аплицираме со 27 проекти на вториот повик за добивање средства од унгарскиот кредит
- -На вториот повик за средства од унгарскиот кредит ќе аплицираме со 27 проекти во вредност од 131.649.580 денари. Се однесуваат главно за патна инфраструктура и водоводна мрежа. Како што е познато рокот за аплицирање на повикот завршува утре, што значи го запазуваме рокот. Оптимист сум дека ќе ни бидат прифатени сите доставени проекти, додаде Дука.

Дебар, 28 април 2025 (МИА) - Општина Дебар утре ќе достави апликативни формулари до архивата на Министерството за локална самоуправа на вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, потврди за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.
-На вториот повик за средства од унгарскиот кредит ќе аплицираме со 27 проекти во вредност од 131.649.580 денари. Се однесуваат главно за патна инфраструктура и водоводна мрежа. Како што е познато рокот за аплицирање на повикот завршува утре, што значи го запазуваме рокот. Оптимист сум дека ќе ни бидат прифатени сите доставени проекти, додаде Дука.
Дебар беше една од 17 општини кои, како што на 24 месецов информираше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, немаа поднесено апликации, до кога пак 63 оптшини имаа доставено купно 450 апликативни формулари.
Дука не го крие задоволството од прифатените проекти од првиот повик, кога општината доби 700 илјади евра.
- На првиот повик поднесовме четири пријави а се однесуваат на подобрување на патната инфраструктура во градот односно целосна реконструкција на три локални улици во градот и изградба на водовод во најголемото село во нашата општина, селото Могорче. Целосно ни се одобрени три проекти, додека едниот е со кофинансирање, додаде градоначалникот на Дебар.
Дообјаснува дека целосна поддршка е добиена за реконструкција на улица Миѓени“ (поранешна ЈНА), улицата „Петрит Бомова“ (Здравко Чочковски), како и изградбата на водовод за селото Могорче, каде живеат над две илјади жители. Целосната реконструкција на улицата „Сабри Карамети“ (поранешна Петре Поповски) ќе се реализира со кофинансирање.
Наша цел, е посочува Дука, за жителите на општината, како во градот, така и селските населени места, да создадеме што подобри услови. вт/
Фото: МИА