• вторник, 13 мај 2025

Средба на координаторот на „Менуваме“, Алишан со директорот на здравствениот фонд, Клековски

Средба на координаторот на „Менуваме“, Алишан со директорот на здравствениот фонд, Клековски

Скопје, 28 април 2025

Суарет Алишан, кординатор во Коалиција „Менуваме“ се сретна со директорот на здраствениот фонд, Сашо Клековски, каде разговараа за следните потреби:

Ортопедските помагала (ПАМЕТНОТО СТАПЧЕ, МЕРАЧОТ ЗА ШЕЌЕР, МЕРАЧ ЗА КРВЕН ПРИТИСОК, ТОПЛОМЕРОТ) за лица со оштетен вид веднаш да влезат во програмата на Министерството за здравство во првите две години додека се вметне на товар на фондот, и формирање на велнес рехабилитациони центри за деца и лица со попреченост.
 
Македонија ја има ратификувана конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОN во 2011 година, по што е должна да ги оствари превземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.

Коалиција „Менуваме“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан