• четврток, 15 мај 2025

Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во Кочани

Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во Кочани

Скопје, 28 април 2025 (МИА) - Апелацискиот суд во Штип утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

Оттаму велат дека постапуваат по 17 жалби за изречени мерки „притвор“, „куќен притвор“ и мерки на претпазливост поднесени од лица опфатени со истрагата за пожарот. Три жалби се пристигнати во петокот, а денес 14 жалби.

- Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките за притворските предмети за Кочани. Многу жалби има, а само тројца судии се за такви предмети, велат од Штипска апелација. вдј/бак/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан