Во Скопје дебата за унапредување на правата на глувите и наглуви лица
- Дебата за „Унапредување на правата на глувите и наглуви лица“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост ИППГ и организација за попреченост и правда ЗЕТА, во соработка со Сојузот на глуви и наглуви лица и здружението „ТИШИНА“, Карпош.
Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Дебата за „Унапредување на правата на глувите и наглуви лица“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост ИППГ и организација за попреченост и правда ЗЕТА, во соработка со Сојузот на глуви и наглуви лица и здружението „ТИШИНА“, Карпош.
Целта на организаторите е нивниот глас да допре до носителите на одлуки и останатите организации на лица со попреченост, запознавајќи ги со состојбите, предизвиците и потребите на глувите и наглуви лица во Р. С.Македонија.
Оваа активност е дел од Акцискиот план на ИППГ - постигнување на поинклузивни и поефективни политики и согледување на состојбата на лице место, согласно обврските на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
-Ќе ни претставува голема чест доколку нè удостоите со вашето присуство. Заедно да придонесеме за подобра иднина за оваа група граѓани, согласно Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, се наведува во соопштението на организаторите. мв/ац/
Фото: МИА архива