• вторник, 14 април 2026

Седница на Судскиот совет

Седница на Судскиот совет

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Судскиот совет денеска ќе ја одржи 539-та седница, на која, меѓу другото, ќе биде разгледан годишниот извештај за работата на судовите за 2025 година.  

На дневен ред се и анализа за утврдување на број на слободни судиски места во основните судови, одлука за утврдување ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно за 2026 година, предлог за судија на Уставен суд, разрешување судии поротници, расправа по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.

На денешната седница членовите на Судскиот совет ќе расправаат и за барање за мирување на судиската функција, извештај за вонредно оценување на  кандидатите за избор на претседател на Основниот суд Гостивар, Основниот суд Дебар и Основниот суд Свети Николе, извештај за вонредно оценување на кандидатите за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје, извештај по оглас за избор на претседател на Основниот суд Берово, Основниот суд Делчево и Основниот суд Радовиш, известувања за утврдена фактичка состојба по барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија претседател на суд. ац/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан