Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март
- Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март. На истиот датум ќе биде затворен и паштунскиот, Радио Машал.
Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март. На истиот датум ќе биде затворен и паштунскиот, Радио Машал.
- Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале - изјави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус, на „Икс“.
Радио Слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година. ац/
Фото: РСЕ