• понеделник, 20 мај 2024

Во првите девет месеци од годинава дијаспората испратила во Косово над 900 милиони евра

Во првите девет месеци од годинава дијаспората испратила во Косово над 900 милиони евра

Приштина, 13 ноември 2022 (МИА) – Централната банка на Косово (ЦБК) објави денеска дека во првите девет месеци од годинава во земјата од дијаспората се стасани парични пратки во висина од 916,2 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Најголемиот износ што го добиле ремитентите во Косово од нивните блиски кои се иселени главно во Западна Европа и САД е забележан во август, кога се регистрирани 131, 6 милиони евра, а карактеристично за тој период е што тогаш се забележани и најголемите поскапувања во секојдневната потрошувачка.

Висок прилив од дијаспората е забележан и во септември, кога се евидентирани пратки во вкупен износ од 114,2 милиони евра.

Споредено со минатата година, сумата која ја добиле косовските ремитенти во првите девет месеци од годинава е повисока за 54,4 милиони евра, односно од јануари до септември 2021 година, од странство во Косово стасале 861,8 милиони евра.

Според статистиките објавени во извештајот на ЦБК, најмногу пратки во извештајниот период имало од Германија, со 38 отсто од вкупната сума, а следат Швајцарија со 17,9, САД со 8,4 и Австрија со 5,4 отсто. иа/паг/

Остани поврзан