• недела, 12 мај 2024

Во Винскиот музеј - Кавадарци настан посветен на младото вино 

Во Винскиот музеј - Кавадарци настан посветен на младото вино 

Кавадарци, 26 ноември 2023 (МИА) - По повод месецот на младо вино, денеска во Винскиот музеј - Кавадарци се одржа настан посветен на младото вино.

- Со научна трибина на тема „Како до подобро и поквалитетно вино", но и со оваа дебата, Музејот ја потврдува заложбата со докажани експерти да едуцира и промовира проекти и во научно истражувачката дејност, рече директорката на Музејот, Весела Честоева, осврнувајќи се и на многубројните активности што во континуитет се реализираат во оваа куќа на виното. 

Настанот се реализираше во соработка со здружението „Ж'та“ од Кавадарци, а беше збогатен со дегустација на вина и ракија и музички хепенинг. свд/мч/

фото : МИА архива и Вински музеј 

Остани поврзан