• вторник, 02 јули 2024

Во Берово одржан настан од проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина"

Во Берово одржан настан од проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина

Берово, 12 мај 2024 (МИА) - Во Берово се одржа завршниот настан од проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина“. Проектот во изминатите осум месеци го спроведе здружението „Амброзија“ од Пехчево, а негова општа цел е зголемување на влијанието на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво, како и нивна поголема инволвираност во процесите за подобрување на состојбата со животната средина.

Јасминка Пашалиска Андоновска, претседател на здружението „Амброзија“  го потенцираше младинското учество во директна реализација на дадената цел во пехчевски Црник, што придонесе со лобирање и влијание на жителите за поголема еколошка свест и зачувување на животната средина. Во соработка и партнерство со локални институции се поставени садови за отпад и жителите редовно си ги плаќаат месечните такси за отпад што не беше пракса претходно.

- На денешниот завршен настан од проектот „Еко активизам младите креираат одржлива иднина“ кој што во изминатите осум месеци здружението Амброзија како регрантирање, а преку соработка со Македонското здружение на млади правници во рамки на една генерална програма поддржана од Европската унија „Еко активизам за позелени општини“, ги презентиравме резултатите и главните постигнувања во однос на реализираните активности во изминатиот период. Пред се проектот имаше за цел да ги поттикне младите за поактивно вклучување во застапување и градење на локални партнерства за надминување на проблемите со животната средина од една страна, а од друга страна зајакнување на нивните капацитети за интензивно лобирање и застапување пред локалните власти за решавање на оние предизвици со кои што се соочуваат младите, изјави Пашалиска Андоновска.

На настанот присуствуваа поголем број млади активисти, кои изнесоа дел од постигнатите резултати во периодот на спроведување на проектот.

Стефанија Биковска, член на Младински активизам од Берово, која учествуваше во сите активности во рамки на овој проект, ја испрати пораката дека конечно младите активисти го кренале својот глас и дека треба сите да го чуваат највредното: животната средина, шумите, водата и воздухот.

- Јас присуствував на скоро на сите проекти и можам да кажам дека младинскиот активизам право на нас ни даде основа, како тоа ние да се претставиме и да го држиме нашиот став. Како второ и најважно ни укажаа како да ја зачуваме нашата средина, односно водата, шумите, чистиот воздух и како моја порака треба да го чуваме тоа што го имаме и да го цениме додека го имаме, бидејќи ќе сфатиме дека е битно откако ќе го изгубиме. Треба да ја чуваме нашата природа и да си го чуваме воздухот, истакна Биковска.

Невладиниот активист и учесник во проектот како експерт Зоран Биковски, го истакна младинскиот активизам, кој според него конечно вроди со плод во малешевскиот крај. Го поздрави активното учество на малдите во конечно решавање на долгогодишниот проблем во пехчевски Црник, со одлагањето на отпадот и подигањето на свеста на жителите за чиста животна средина.

- Огромно задоволство е да се биде дел од завршен настан кој што завршува успешно, затоа што младите го испорача своја глас, младите беа гласни за приоритети и пред се младите беа дел од решение на едно село, кое што долго време се мачеше со справување со отпад. Оваа пракса се надевам дека ќе продолжи и понатаму, затоа што постојат и други фондации и други можности за можност да ги аплицираат своите потреби и сум сигурен дека младите знаат, младите научија, младите можат да пренесат пораки и да бидат гласни, многу гласни затоа што потребите на младите, потребите од здрава животна средина се дел од нашето секојдневие. Ако сакаме да градиме здрави генерации, мора младите да бидат сослушани и да бидат активни на локално ниво, додаде Биковски.

Во склоп на проектот беше изработено и видео за активностите и позитивните резултати, кое беше прикажано пред присутните.

Проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина“ го спроведува Здружението „Амброзија“ до Пехчево, преку регрантирање од страна на Македонско здружение на млади правници во рамки на проектот „Младите за позелени општини“ и е финансиран од страна на ЕУ. вс/цр

Фото: МИА

Остани поврзан