• сабота, 23 ноември 2024

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка 

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка 

Струмица, 11 мај 2024 (МИА) - Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градакиот плоштад беше донесена од храмот „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде вчера беше пренесена од манастирската црква „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

Пред поголем број верници и граѓани се одржа молебен, а во присуство на Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Епископот Делчевско-Каменички Марко, поздравно слово одржа епископот Стобиски Јаков.

-Еве не не само денес, туку и вчера и завчера,одиме по стапките на нашите предци, нашите татковци, мајки, баби и дедовци, кои чекореа по Мајката Христова и Мајката наша и никогаш не оддалечувајќи се од неа, заради тоа што нашиот народ многу добро знае дека оддалечувајќи се од Пресвета Богородица, се оддалечуваме од оној што го држи  во своите мајчински прегратки, рече епископот Јаков.

Литијата почна вчера со Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и изнесување на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка. Со свечена литија иконата беше однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, а иконата беше оставена за поклонение на верниците.

Пред седум години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар. рт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан