• понеделник, 13 мај 2024

Без струја утре неколку улици од скопските општини Ѓорче Петров и Аеродром

Без струја утре неколку улици од скопските општини Ѓорче Петров и Аеродром

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) – Утре без електрична енергија ќе бидат неколку улици од скопските општини Ѓорче Петров и Аеродром.

Како што информираат Центарот за управување со кризи во периодот од 09 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од улица „Жеденска“ бр. 2, 4, 6, 8 и 10, во периодот од 09 до 15 часот, корисниците од улица „12“ во село Долно Лисиче и од 12 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Веле Марков“.свс/ев/

Фото:МИА архива

Остани поврзан