• понеделник, 13 мај 2024

Без вода корисниците од улиците „Петре Георгиев“ и „Ордан Чопела“ во Чаир

Без вода корисниците од улиците „Петре Георгиев“ и „Ордан Чопела“ во Чаир

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - Поради предизвикан дефект (скината цевка од страна на фирма) од Ф-80 мм, на ул.„Петре Георгиев“ бб во општина Чаир, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.„Петре Георгиев“ и дел од ул.„Ордан Чопела“.

ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 11:00 часот до завршување со активностите.

-Фирмата која го предизвикала дефектот сама ќе го санира истиот, од страна на „ЈП Водовод и канализација“ извршено е само затворање на вода, се наведува во соопштението. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан