• понеделник, 22 јули 2024
Од верските календари

13 мај 2024 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 aприл.

Денеска е Св. апостол Јаков Заведеев.

Свети Јаков е брат на богословот и евангелистот Јован. Тој беше меѓу неколкумината најблиски Христови ученици. Со него беше на Гората на Преображението, во Гетсиманија... Него и брат му Јован Христос ги нарече синови на громот, поради нивната искрена и пламена вера. По Христовото вознесение тој останува во Ерусалим, а од книгата Дела апостолски дознаваме за неговата маченичка смрт во времето на Ирод Агрипа Први (44 година). Подоцна, моштите му се пренесени во Шпанија. Постои предание дека таму и проповедал, но не може да се земе како веродостојно.

 

###

Остани поврзан