• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД

13 мај 2024 

Скопје - Прес-конференција на Народната банка за пролетните макроекономски проекции. (Народна банка/11:00, пристигнување на медиумите/10:45)

Скопје - Факултетот за безбедност Скопје ќе одржи тркалезна маса на тема „Криминалистички истраги за еколошки кривични дела во Република Северна Македонија. (Сала за состаноци во библиотеката „Јордан Спасески“ при Факултетот за безбедност/10:00)

Штип - Настан „Европски Парламент и европски парламентарни избори 2024“ во организација на Правен факултет при  Универзитетот „Гоце Делчев“ -Штип во соработка со Европска куќа Струмица и со поддршка на Делегацијата на ЕУ.  (Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“/11:00)

Скопје - Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ - Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ја промовираат збирката „Нови бајки од Македонија“, составена од 24 бајки. (Книжарница на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/11:00)

Скопје - Прес-конференција за Moving Balkans - европски проект на Интерарт културниот центар со 11 партнери од поширокиот регион. (МКЦ/11:00)

Скопје - Гостување на Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара“ (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00) и отворање на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика на годината“ организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков по повод Месецот на полската литература. (18:30)

Скопје - Отворање изложба на фотографии насловена „Цртички на животот“ на Имре Сабо. (Галерија Рудиќ, Бул. АСНОМ 74/20:00)

Скопје - Проекција на филм и трибина на тема „Процеси, терапевтски практики и грижа во и вон институциите за ментално здравје“. (КСП Центар-Јадро/20:00)

Скопје -  XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“со филмот „И утре е ден“, во сценарио и режија на Паола Кортелези. (Кинотека на Република Северна Македонија/20:00) 

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан