• петок, 17 мај 2024

Бајден: Апсењето на Гершкович во Русија е целосно незаконско 

Бајден: Апсењето на Гершкович во Русија е целосно незаконско 

Вашингтон, 11 април 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден во разговор со новинарите пред да замине за Белфаст денеска изјави дека задржувањето во Русија на Еван Гершкович, новинар на Вострит журнал, е „целосно незаконско“. 

- Целосно незаконско. Се обидувам да се поврзам со членовите на семејството на новинарот, изјави Бајден. 

Стејт департментот на Гершкович му додели статус на „бесправно задржан“. Сега прашањето за негово враќање е предаден на Одделот на специјалниот претставник на претседателот задолжен за случаи на граѓани на САД кои се во заложништво.  

Весникот укажува дека ова е најбрзото присвојување на статус заложник досега. Тој процес обично трае многу подолго.

-Новинарската работоа е нипрокосновена, бараме Еван Гершкович да биде веднаш ослободен, изјави портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Бајден вечерва пристига во Северна Ирска за одбележување на 25 - годишнината од мировниот договор со што се стави крај на 30 - годишното крвопролитие. кб/паг/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан