• сабота, 18 мај 2024

Атлетичар од САД го продава својот олимписки златен медал

Атлетичар од САД го продава својот олимписки златен медал

Њујорк, 31 јануари 2024 (МИА) - Поранешниот американски атлетичар Роберт - Боб Бимон одлучи да го продаде на аукција својот златен медал од Олимписките игри во 1968 година во Мексико Сити, каде што го постави својот светски рекорд во скок во далечина со 8,90 метри. Аукциската куќа „Кристи'с“ очекува да добие меѓу 370.000 и 550.000 евра на наддавањето во Њујорк утре.

- Имам 77 години. И, дојде време да му го предадам медалот на оној кој го цени спортскиот подвиг постигнат на 18 октомври 1968. на стадионот „Универзидад олимпико“ во Мексико Сити... Оваа аукција беше одличен начин да се покаже медалот, но и да се зачува споменот за него, изјави Бимон.

Роден во њујоршката општина Квинс, Бимон денес е преокупиран со неговата повторно откриена страст за музиката. Тој, имено, „бидејќи спортот му бил пред сѐ друго“, им се вратил на тапаните, што ги напуштил како тинејџер. 

Медалот е освоен за скокот што беше светски рекорд до 1991 година, кога е соборен на Светското првенство со 8,95 сантиметри од друг Американец - Мајк Пауел.  си/паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан